ЦУК апелира за редовно чистење на локалните одводни канали

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) и денеска апелираат до граѓаните за редовно чистење на локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во нив.
Во последното деноноќие, како што соопшти ЦУК, немало регистрирани пожари на отворено на територијата на државата.
На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие имало вкупно 1 419 повици. Од нив „реални“ повици биле 54,69 отсто, а 45,31 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Кон полиција биле упатени 69,63 отсто, кон Итната медицинска помош 25,65 отсто, a кон пожарникарите 1,57 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Паметните часовници ќе спасуваат животи, отсега автоматски…
Центарот за управување со кризи (ЦУК) продолжува…
ЦУК алармира: Не е безбеден патот меѓу…
РЦУК Скопје известува дека од Општина Карпош…
Спасен човек во Видовиште: Неподвижен три дена…
Преку Единствениот бројот за итни случаи 112…
Четири пожари на отворено во последното деноноќие
ЦУК информира дека во последното деноноќие имало…
ЦУК апелира за редовно чистење на локалните…
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК)…