ЦУК ГО СУМИРА ОГНЕНИОТ БИЛАНС: Денеска гореле 10 пожари на отворено, 7 од нив во скопско
На територијата на државава во текот на денов се регистрирани 10 пожари на отворено, а од нив 7 се во скопскиот регион. Дел од пожарите се изгасени, а некои сѐ уште се гасат.
Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожар е регистриран во велешкото село Сливник во кој е зафатена една куќа, во село Сопотница, Демир Хисар, во пожар се зафатени сува трева и нискостеблеста вегетација, а стрниште, сува трева и гуми горат во пожарот во струмичкото село Костурино.
Во Скопско се изгаснати и сѐ уште се гасат седум пожари на отворено. ЦУК соопшти дека во Горно Блаце горела мешана деградирана шума и трева, а кај село Љубош, Студеничани над Батинци, горела деградирана шума и дива депонија.
-Во Волково гори трева, нискостеблеста деградирана шума и ѓубре. Изгоре и еден помошен објект. Пожарот е под контрола. Во Бојане, Сарај, гореше шума и трева, во општина Бутел околу ул. „Боца Иванова“ кон обиколницата гореше сува трева, а изгоре и еден помошен објект. Гореше и депонијата Вардариште, како и ѓубре во село Орешани во општина Зелениково – информираат од ЦУК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Митровденска задушница – спомен за починатите
Православните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница…
Почина поранешниот американски сенатор Рокфелер, наследник на…
Џон Д. „Џеј“ Рокфелер Четврти, наследник на…
Денес се празнуваат Светите маченици Маркијан и…
Овие Божји светители беа клирици при цариградскиот…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни…
ЗЕЛЕНСКИ БАРА ПИСМЕНИ ГАРАНЦИИ ОД ЗАПАДОТ: Украина…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од западните…