ЦУК: Да се исчистат локалните канали за одводнување

t

ЦУК: 2 032 повици на 112 во последното деноноќие, само еден пожар на отворено, апел за одржување и чистење на локалните канали за одводнување и да не се пали вегетација на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 2 032 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 46,01%, а 53,99% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 62,54%, кон Итната медицинска помош 32,63%, кон пожарникарите 2,55%, а кон АМСМ 0,10% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 1 103 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 2,18% и на 53,99% именувани како „неитни повици“, биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи.

Од пожари на отворено само еден беше пријавен и документиран во последното деноноќие. Конкретно РЦУК Тетово, известува дека пожарникарите од ТППЕ Тетово, вчера од 18:25 до 19:10 часот, со три пожарникари и едно ПП возило гаснеле запалени отпадоци и ниска вегетација кај с.Боговиње.

Во рамки на постојаната, веќе најмалку две години, кампања „Пријави опасност на 112 во ЦУК“, Регионалниот ЦУК – Штип, известува дека вчера во 10:35 часот, на Единствениот број за итни случаи 112 е добиена пријава за неколку дрвја – врби во Кочанска река, кај с. Долни Подлог Општина Кочани што претставуваат опасност доколку дојде до поголеми врнежи на дожд да ја попречат водата и да предизвикаат поплавување на околината. За овој случај контактирано е со АД „Водостопанство подружница Кочани“ од каде што е известено дека се запознаени со проблемот, но чекаат механизација за да се интервенира.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.
ЦУК апелира и потсетува, да не се пали вегетација на отворено и за редовно чистење на локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во каналите.
Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од 12:00 до 16:00 часот ќе се…

Во реон на автопатот A2 Кичево-Охрид, што…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЦУК: 22 пожари на отворено во последното…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…