Објавено на:

ЦУК: Изминатото деноноќие 21 пожар на отворено, четири сè уште активни

t

Последното деноноќие имало 21 пожар на отворено, утрово четири пожари сѐ уште се евидентирани како активни, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Регионалниот ЦУК – Скопје, известува дека вчера од БППЗ на градот Скопје, во 12.37 часот добиле информација дека пожарот пријавен во месноста Китка, кај селото Варвара, се наоѓа на особено непристапен терен, поради што не е возможно да интервенираат екипи. Од ЦУК известени се ЈП „Национални шуми“, подружница „Караџица“ – Скопје. Регионалниот ЦУК -Охрид информира дека од ТППЕ Македонски Брод известиле оти високо над селото Горно Ботушје има активен пожар, но, истиот не предизвикува опасност. Регионалниот ЦУК – Штип известува дека ТППЕ Берово, од 17.30 часот, со два пожарникара и едно ПП возило, како и четворица вработени во ЈП „Национални шуми“, подружница „Малеш“ од Берово, интервенирале на запалена букова и дабова шума во близина на селото Русиново. Регионалниот ЦУК – Тетово, известува дека кај селото Дебарце, општина Желино, има активен пожар. Според информациите од терен од ЈП „Национални шуми“, подружница „Лешница“ од Тетово, на терен биле со тројца вработени, но, во 16 часот се повлекле, заради силен ветар. Теренот е непристапен за пожарникарите од ТППЕ Тетово. Во утринските часови се предвидува повторно да интервенираат со екипа од „Лешница“ од Тетово, појаснуваат од ЦУК.

Во соопштението се апелира да не се пали вегетација на отворено и за редовно чистење на локалните одводни канали, како и да не се фрлаат отпадоци во нив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…

ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со…

ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со…

Арсовска: Во право е Кочоска, не нѐ…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска…