ЦУК и МВР во спасувачка мисија: Спасени изгубени дехидрирани велосипедисти во Кожле
ЦУК и МВР во спасувачка координирана мисија во најтоплиот ден во овој период – спасени изгубени дехидрирани и снеможени велосипедисти во предел после с. Кожле во дрматична акција
Центарот за управување со кризи (ЦУК) ве информира дека денеска во драматична спасувачка акција се спасени два велосипедиста, многу дехидрирани и снеможени кога биле пронајдени во суровиот предел без вода, коишто после скопското село Кожле, залутале во пределот по многуте ридски патчиња, барајќи ја старата црква и гробишта надвор од селото. Живописната црква и гробишта се на неколку километри пред, односно над, реката Пчиња оградени со камена ограда, но и со вегетација којашто ги затскрива од поглед. Акцијата за спасување е кооринирана и во директна комуникација на ЦУК и со изгубените и со припадниците на Министерството за внатрешни работи – Полицијата и со Брзата помош.
Конкретно, денеска во еден од најтоплите денови во овој период, преку 112, по добивањето на информацијата околу 15.00 часот, од Секторот за операции и координациј во ЦУК веднаш биле активирани искусните оперативни дежурни рботници од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Град Скопје. Биле лоцирани изгубените и дехидрирани велосипедисти во координација со Полицијата. Оперативците од ЦУК биле постојана комуникација и со тимот полицајци на терен и со изгубените велосипедисти коишто покажувале се повеќе и поголеми знаци на голема дехидрација и снеможеност, дури и преку слабениот говор при комуницирањето преку телефон. Тимот полицајци само до некаде можел да оди со теренско возило, а потоа два припадника на полицијата продолжила пешки да трагаат по изгубените, со кои стапиле во телефонски контакт. Полицајците пешки и самите изморени од многу топлото и спарно време, но упорни во потрагата за да спсат човечки животи, ги пронашле изгубените велосипедисти живи и здрави, околу 16.00 часот, но многу дехидрирани и снеможени, бидејќи ја испиле сета вода што ја носеле, а биле на терен цел ден. Затоа паралелно е контактирано со Брза помош за да дојде, додека ги извлекуваат, на договорена точка со спасувачкиот тим полицајци, на прооден пат за амбулантно возило, медицински да бидат згрижени и третирани во покус временски период. Припдниците на МВР, во оваа случја покажал големи квалитети и упорност, за да ги спасат изгубните во нашата, но сепак опасна природа при многу топло време, а и за да го скусат времето на пруѓање помош, односно што побрзо да ги извлечат изгубените за да добијат на време медицинска помош. Додека Ве информираме, би требало целата акција да е завршена според податоците и информациите на ЦУК од координацијата на драматичната спасувачка акција во пределот после с, Кожле.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…