ЦУК: Отстранета опасноста на мостот на Пчиња кај скопското село Бадар
Обилните врнежи од дожд во претходните денови предизвикале зголемување на нивото на водата во речното корито на реката Пчиња. Големиот доток на вода во речното корито низводно нанел пообилна количина дрвна маса и тие вршат притисок на столбовите, заедно со водата, на мостот пред влезот на селото Бадар во Општина Петровец.
Ова известување, како што информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК), го добиле од повеќе граѓани.
-Покрај со јавувања на 112 во ЦУК, со допис до ЦУК граѓаните укажуваат дека мостот е поприлично стар и веќе некои од столбовите се закосени, со што постоеше голема веројатност поради големиот притисок од водата и насобраната дрвна маса околу столбовите тие да се срушат. Секторот за операции и координација при ЦУК со допис ги извести надлежните институции, Општина Петровец и АД Водостопанство за преземање на мерки и активности за надминување на настаната состојба и отстранување на опасноста. Денеска, од Општина Петровец и АД Водостопанство сме известени дека од нивна страна е ангажирана соодветна механизација и дрвјата се исчистени од речното корито, се наведува во соопштението од ЦУК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…