ЦУК побарал од Градот и од Општината да го проверат оштетениот пат во Усје
Иако поминаа само неколку денови од последната објава за оштетувањето на патот во населбата Усје и опасноста од негово свлекување, обемните дождови во изминатава недела уште повеќе ја оштетија улицата „4“, каде што веќе може да се види дека асфалтот на одредени места е целосно одвоен, а земјиштето полека се свлекува.
Влошувањето на состојбата и зголемувањето на опасноста од свлечиште уште повеќе го „запалија“ алармот кај усјанци, кои секојдневно бараат реакција од Општината и објавуваат слики од состојбата со коловозот.
Во разговор со еден од жителите, тој посочи дека врнежите го забрзуваат процесот на распукување на улицата и нејзино целосно свлекување. Според него, неодамна коловозот бил раскопан и од екипи на „Водовод и канализација“, кои по завршувањето на нивните задачи, дупката ја затрупале со земја и на местото уште нема нов асфалт.
– Патот односно улица „4“ веќе цела година е оштетена, но изминатиов месец поради зголемувањето на дождови, почна рапидно да се влошува и да се одвојува. На местото неодамна интервенираа и од „Водовод и канализација“, кои раскопаа еден дел од улицата, а откако завршија местото го затрупаа со земја, оттогаш ситуацијата повторно се влоши – вели тој.
ЦУК им дал задачи на Градот и на Општината
Жителите велат дека во повеќе наврати се обратиле до Општина Кисела Вода и побарале помош и реакција, но досега, како што тврдат, не добиле одговор на нивните барања, иако според нив Општината е добро запознаена со овој проблем.
Еден од нив случајот го пријавил и во Центарот за управување со кризи со надеж дека оттаму ќе се „размрдаат“ работите за некој од Општината да излезе и да го провери патот и опасноста од негово свлекување.
Од ЦУК велат дека се запознаени со состојбата на улица „4“ во Усје и информираат дека по пријавата за проблемот, Центарот ги известил сите надлежни институции, а од Град Скопје, Општината и „Водовод и канализација“ побарал нивните стручни и инспекциски служби да излезат на терен.
– Центарот за управување со кризи е запознаен со состојбата, односно информацијата за овој проблем е пристигната и е евидентирана во ЦУК. Центарот за управување со кризи ги извести надлежните институции и субјекти, меѓу кои Град Скопје, Општина Кисела Вода и ЈП „Водовод и канализација“, со барање нивни надлежни инспекциски служби и стручни екипи да излезат на терен, да извршат увид и да ја констатираат фактичката состојба – велат од ЦУК.
Од Центарот објаснуваат дека од гореспоменатите институции побарале да преземат соодветни мерки и да утврдат која е причината за оштетувањето и дали има опасност од евентуално влошување на состојбата.
– Воедно, од надлежните институции е побарано да преземат соодветни мерки и активности во рамките на своите надлежности, со цел утврдување на причините за оштетувањето и спречување на евентуално понатамошно влошување на состојбата. ЦУК ја следи состојбата и очекува повратни информации од надлежните институции за преземените активности – велат од Центарот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК побарал од Градот и од Општината…
Иако поминаа само неколку денови од последната…
Димовски во Германија на средба со менаџментот…
Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни…
Израел започна жестоки воздушни напади врз цели…
Израелските вооружени сили започнаа интензивни воздушни напади…
Премиерот на Онтарио му се потсмева на…
Премиерот на Онтарио, Даг Форд, еден од…
Ајзенкот најавува влада за национална спас: Израелците…
Гади Ајзенкот порача дека израелските граѓани гласале…