ЦУК: Повеќе пожари истовремено пријавени во скопскиот регион

t

До 20:00 часот во Скопскиот регион се евидентирани повеќе дојави за пожари на отворен простор, при што горела претежно сува и ниска вегетација, како и овоштарник. По сите пријави веднаш се известени и интервенираат екипите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје (БППЗ Скопје).

Благодарение на навремената реакција на терен, пожарите на следните локации се веќе ставени под контрола или целосно изгаснати:
Волково (ул. 22, општина Ѓорче Петров);
Кучевишка Бара (општина Чучер Сандево);
Катланово;
Кадино – патот кон Ајватовци (општина Илинден);
Лисиче (кај Чатал);
Бунарџик (општина Илинден);
Катлановска Сушица;
Добри Дол – Терминал (општина Сопиште).

Во тек е интервенција на следните локации:
атарот на с. Блаце – Катланово (општина Петровец);
влезот во с. Сушица (општина Петровец), каде гори овоштарник;
с. Страхојадица (општина Зелениково), каде гори сува трева.

Благодарение на брзата интервенција, добрата координација на сите ангажирани служби и пожртвуваноста на пожарникарите, состојбата во најголем дел од Скопскиот регион е ставена под контрола. Дополнително, Центарот за управување со кризи оствари координација и со Дирекцијата за заштита и спасување за обезбедување дополнителна поддршка и надзор на терен, со цел целосно ликвидирање на преостанатите активни жаришта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Славевски: Алта банка е стабилна, сите процедури…

Алта банка АД Битола е стабилна, со…

Трамп го номинира Михаил Богачек за нов…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше…

Флора Кадриу е нова претседателка на Комисијата…

Флора Кадриу е избрана за нова претседателка…

Протече вознемирувачко видео од смртта на претепаниот…

На социјалните мрежи се појави целосната снимка…

Пронајдени наркотични материи и вага во возило…

Различни видови сомнителни наркотични материи биле пронајдени…