ЦУК: Пожарот во Чучер Сандево е надвор од контрола, нов е регистриран во Кучевиште
Пожарот кој беснее на територијата на Општина Чучер Сандево, и покрај интензивните воздушни интервенции, сè уште е надвор од контрола, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Истовремено, додаваат оттаму, нов пожар е регистриран во атарот на село Кучевиште, кој зафаќа голема површина и се наоѓа во непосредна близина на куќи.
Во текот на денешниот ден, сите расположливи сили и средства – општински служби, физички и правни лица, како и екипи од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Дирекцијата за заштита и спасување, МВР и ЦУК – беа ангажирани на терен.
„Сепак, условите на теренот се исклучително тешки, што го отежнува справувањето со огнената стихија“,
велат од ЦУК.
Голема е вознемиреноста кај населението во Чучер Сандево и околните села. Чадот од пожарот се шири низ целата општина и ги зафаќа селата Чучер, Мирковци, Глуво, Бразда, па сè до Бутел.
Во раните утрински часови беше пружена воздухопловна поддршка со три летала, а попладнето со уште еден воздухоплов. Од ЦУК очекуваат дека поради временските услови, пожарот делумно ќе се стиши во текот на ноќта, што би овозможило поефикасно дејствување на теренот утре.
За утре е планирано акциите да започнат уште во 5 часот, со ангажирање на сите институционални и општински сили на целата зафатена површина, со поддршка од два воздухоплова на МВР. Во вечерните часови, екипите ќе останат на терен и ќе интервенираат согласно приоритетите и потребите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бабата на убиецот од Краков: Бил одличен…
Бабата на 24-годишниот Михал О., осомничен за…
Мицкоски: Очекувам аукцијата за отуѓување на акциите…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување…
Приведен е братот на Виктор Орбан осомничен…
Братот на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан,…
Мајка донела пакет за синот во „Идризово“,…
При редовна проверка на пакет во затворот…
Искршени плочи на гробишта во Скопје по…
По Задушница, скопјанец пријавил оштетување на гробно…