ЦУК: Седум пожари на отворено во изминатото деноноќие

t

ЦУК: 2 162 повици на 112 во последното деноноќие, седум пожари на отворено, апел за одржување и чистење на локалните канали за одводнување и ако се најдат неексплодирани зрна односно проектили, по гаѓање на стрелиште граѓаните не треба да ги допираат или поместуваат и треба да се пријави на 112 во ЦУК

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 2 162 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 37,51 %, а 62,49% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 63,20%, кон Итната медицинска помош 27,51%, кон пожарникарите 4,09 %, а кон АМСМ 0,37% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 1 049 повици за итни случаи на 112 заво ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 4,83% и на 62,49% именувани како „неитни повици“, биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно коордирнирање за нивно решавање во Системот за управување со кризи.

Седум пожари на отворено беа пријавени и документирани во последното деноноќие. Конкретно, Регионалниот ЦУК Скопје бележи три пожари, РЦУК Битола 3 и РЦУК Велес еден пожар на отворено.

Регионалниот ЦУК Битола, ја пренесувоа информацијата од известување од Министерство за одбрана дека денеска од 08.30 до 15.00 ч. на стрелиштето ,,Леково“ ќе биде реализирано боjно гаѓање. Заради безбедност, се забранува секакво движење на лица и стока во реонот на стрелиштето. Истовремено се информира дека, по завршувањето на гаѓањето во реонот на стрелиштето, ако се најдат неексплодирани зрна односно проектили, граѓаните не треба да ги допираат или поместуваат и треба да се пријави на 112 во ЦУК, по што ќе се од страна на ЦУК ќе се постапи според стандардните оперативни процедури за пронаоѓање на неексплодирани убојни средства (НУС) во Системот за управување со кризи.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.
ЦУК апелира и потсетува, да не се пали вегетација на отворено и за редовно чистење на локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во каналите.
Истовремено, ЦУК информира дека потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожар зад Универзална сала

Пожар избувна предмалку во куќа на улицата…

Од 12:00 до 16:00 часот ќе се…

Во реон на автопатот A2 Кичево-Охрид, што…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЦУК: 22 пожари на отворено во последното…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…