Објавено на:

ЦУК: Спасен Романец во Гевгелија по примен повик на 112

t

Доцна синоќа, во соработка со грчкиот Единствен број за итни случаи 112, беше спасен романски државјанин кој имал опасни проблеми со срцето, со давање итна медицинска помош, а престојувал сношти во Гевгелија, соопшти ЦУК.

Конкретно, неговиот повик за помош, најверојатно заради близина на границата, прво бил примен од број 112 на базна станица во Р. Грција. Но, бидејќи сите држави коишто го имаат Европскиот единствен број за итни случаи 112 соработуваат и се во контакт меѓу себе, колегите од грчката служба 112 веднаш оствариле контакт со македонската служба 112 во ЦУК. Веднаш, согласно оперативните процедури, е координирана акцијата за интервенција на Итната медицинска помош од Гевгелија и романскиот граѓанин е спасен со итно давање медицинска помош.

Овој случај на меѓугранична, односно меѓудржавна соработка на две држави (Р.Македонија и Р. Грција), за спасување на граѓанин од трета држава (Р. Романија) ја отсликува можноста за спасување животи на граѓани од која било европска земја ако тие се наоѓаат во земја којашто е во системот на Европскиот единствен број за итни случаи 112.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вчера имало 41 пожар: Уште гори на…

ЦУК: Вчера, вторник, 06.08.2024 година на територија…

(Видео) Тажно е во Тажево, изгорени се…

Во селото Тажево се изорени неколку напуштени…

(Видео) Активни се осум пожари, огнот сѐ…

Од вкупно 13 пожари денеска изгасени се…

Гори во пола држава: Девет пожари се…

Во текот на 31.07/01.08.2024 година, имаме вкупно…

Три активни пожари во државата, 19 се…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…