ЦУК: Торнадо му се случи на Неготино – Големи штети од невремето

t

Торнадо му се случи на Неготино, вртлог, велат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) за МИА, по невремето што попладнево го зафати Неготинско и однесе неколку покриви од куќи, а блокиран е и пат помеѓу две села поради паднати дрвја.

„Нашите информации велат дека вакво нешто одамна се нема случено во Неготино. Тешки последици предизвикало невремето кое траело само дваесетина минути. Било со огромна јачина и двапати го менувало правецот. Северно, па југозападно и пак северно. Со себе носело делови од кровни конструкции, дрвја, бандери со ниско напонски дел и жици, уништени и однесени биле лимени и пластични конструкции. Само уште пет до десет минути да потраело невремето, не дај Боже, би било вистинска катастрофа за Неготино“, рече Горан Стојановски, раководител на Сектор за операции и координација при ЦУК.

Тој нагласи дека дополнително ќе се утврдуваат штети, меѓу другото и кај земјоделските култури.

Повеќе неготинци пријавиле штети од невремето

Повеќе неготинци пријавиле штети од невремето, пожарникарите интервенираат на терен.

„Од раководителот на РЦУК Неготино сме известени дека од 16.10 до 16.30 часот општината Неготино ја зафати силно невреме проследено со ветер и пороен дожд. Од ТППЕ Неготино сме известени дека има пријавено повеќе штети од граѓаните. Интервенирано е, ТППЕ Неготино интервенира на најкритичните места кои се погодени од невремето, има искорнати дрвја, паднати бандери, оштетни пориви од куќите и поплавени домови“, известуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снежно невреме предизвика сообраќаен хаос во Њујорк

Снежното невреме во американската сојузна држава Њујорк…

Маж од Неготино фатен со кокаин во…

СВР Велес поднесе кривична пријава против Ѓ.М.(33)…

400 населени места во Украина останаа без…

Речиси 400 места останаа без струја во…

(Фото) Страшно невреме во Бугарија и Романија,…

Две лица загинаа во невремето во Бугарија…

Утре поројни врнежи и силен ветер

 УХМР соопшти дека утре времето ќе биде…