ЦУК: Успешно е транспортирано со хеликоптер 8-годишно девојче од Охрид до болница во Истанбул
Денес е реализиран хеликоптерски транспорт на осумгодишно дете до болницата „Медицински парк“ во Истанбул, Турција, заради операција на ’рбетниот столб.
На 13-ти мај 2024 година, преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК), а потоа дополнително преку електронска пошта до Центарот за управување со кризи било упатено барање, од родителот на детето, за транспорт од Охрид до болницата во Истанбул.
– Лицето, конкретно детето коешто се транспортира со хеликоптер, имало проблем со моториката, не може самостојно да оди, не зборува и има голем степен на искривување на ’рбетниот столб, повеќе од 80%. Заради наведените здравствени проблеми долготрајниот транспорт по земја е можно дополнително да се одрази негативно врз здравствената состојба на детето. Ако се земе предвид дека оваа операција на ’рбетот спаѓал во тешки и ризични операции, а постоперативното опоравување е долгорочно и многу тешко, особено во таква состојба, константирано е дека друг вид на транспорт со толкаво времетраење е многу ризичен и опасен по животот на девојчето, информираат од ЦУК.
По упатеното барање во Центарот, во координација помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство на барањето е позитивно одговорено, по што денес се реализира транспортот на болното дете со хеликоптер на МВР, што се опремува со преносна медицинска опрема до Истанбул.
Од ЦУК информираат дека детето е веќе сместено во Медицинскиот центар во Истанбул, а хеликоптерот ќе се врати во базата во Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел ја зголемува готовноста: Извештаи за нови…
Западни разузнавачки служби регистрирале нови воени активности…
Иранска воена техника се движи кон Кувајт?!…
Снимки што се споделуваат на социјалните мрежи,…
Герасимовски: Постапката за „Барутана“ е законска обврска
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во…
Мицкоски за предвремени избори: Можно е, никогаш…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во интервју…
Северна Кореја тестираше ракети од под вода:…
Северна Кореја соопшти дека тестирала два типа…