ЦУК: 1 809 повици на 112, вкупно 13 пожари на отворено

t

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1 809 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 41,35%, а 58,65% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 63,71%, кон Итната медицинска помош 27,82%, а кон пожарникарите 8,06% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Збирот повици што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици во ЦУК, со другите што се именувани како „неитни повици“, биле вкупно 1 062 на број и биле предмет на примање, селективна обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со други институции од Системот за управување со кризи, согласно природата на пријавените итни случаи.

Имало вкупно 13 пожари на отворено во државата во последното деноноќие, а пожарникарите сите ги изгаснале, истовремено гаснејќи и други пожари во населените места. Конкретно, Регионалниот ЦУК Скопје информира за пет пријавени и изгаснати пожари на отворено, РЦУК Охрид за три, РЦУК Велес за еден и Регионалниот ЦУК Штип информира за 4 пријавени и изгаснати пожари на отворено.

Вчера имаше лажни дојави за бомби во училиште во Охрид, а и за во индустриски, хотелски капацитети и фирми во Охрид и за во кабелски оператор во Кратово. Веднаш следела соодветна евакуација од објектите и екипи од локалните полициски станици на МВР биле на лице место, направиле увид и констатирале дека дојавите биле лажни. Според процедурите ќе има и понатамошна постапка, по што преку јавен обвинител се поднесуваат соодветни пријави.

Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.
Истовремено, ЦУК информира дека потребно и корисно е да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од 12:00 до 16:00 часот ќе се…

Во реон на автопатот A2 Кичево-Охрид, што…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЦУК: 22 пожари на отворено во последното…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…

ЦУК: 2 085 повици на 112, а…

ЦУК: 2 085 повици на 112, а…