ЦУК: 2 085 повици на 112, а имало 21 пожари на отворено во последното деноноќие

t

ЦУК: 2 085 повици на 112, а имало 21 пожари на отворено во последното деноноќие

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 2 085 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 52,85%, а 47,15% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 67,83%, кон Итната медицинска помош 25,16%, а кон пожарникарите 5,73% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 987 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 1,27% и на 47,15% именувани како „неитни повици“. Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи.

Пожари на отворено има регистрирано 21 во последното деноноќие, што се пријавени и документирани во ЦУК, од коишто еден се води утрово се уште како активен.
За активен пожар, што се евидентира се уште утрово, известува РегионАлниот ЦУК Тетово. во 19.44 часот бил пријавен како шумски пожар кај село Горно Јеловце, на непристапен терен и нема опасност за проширување. Известен е Национален парк Шар Планина и според условите истите ќе интервенираат во раните утрински часови.
Регионалниот ЦУК Скопје информира дека пожарникарите од БППЗ на Град Скопје во текот на изминатото деноноќие: од 15.30 до 16.40 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило, гаснеле запалено ѓубре на депонијата Вардариште (Општина Гази Баба)и од 17.00 до 18.30 часот, со 4 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалено ѓубре и ниска вегетација помеѓу селата Кадино и Миладиновци (Општина Илинден).
Регионалниот ЦУК Битола информира дека пожарникарите од ТППЕ Ресен: од 10.22 до 12.20 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена сува трева и трски кај Авто кампот „Крани“, Ресен; од 14.10 до 15.15 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација на патот од с.Царев Двор кон с.Езерани; во период од 19.10 до 23.50 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникара интервенирале на запалена нискостаблеста вегетација и сува трева во с.Покрвеник (Општина Ресен) Пожарникарите од ТППЕ Прилеп: во период од 17.30 до 19.00 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во близина на с.Присад, на 2 км од манастирот ,,Свети Ѓорѓија“ и од 18.58 до 20.45 часот со 1 ПП возило и 4 пожарникари интервенирале на запалена нискостаблеста вегетација и сува трева кај местото викано „Слива“ на патот кон областа Мариово(Општина Прилеп).
Регионалниот ЦУК Струмица информира дека пожарникарите ТППЕ Струмица: од 13:45 до 14:50 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација и ѓубре во с. Баница (Општина Струмица); од 10.20 до 11.30 часот со 2 ПП возила и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Градашорци (Општина Василево). Пожарникарите од ТППЕ Гевгелија од 10.05 до 11.10 часот со 1 ПП визило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Стојаково (Општина Гевгелија). Пожарникарите од ТППЕ Валандово од 18.23 до 19.30 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Марвинци блиску до патот (Општина Валандово).
Регионалниот ЦУК Охрид информира дека пожарникарите од ТППЕ Струга од 15.08 до 15.35 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација во месноста „Теферич“ (Општина Струга) и дека пожарникарите од ТППЕ Дебар од 11.00 до 16.00 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запален костењар во с.Бомово (Општина Дебар)
Регионалниот ЦУК Штип информира дека пожарникарите од ТППЕ Штип во изминатото деноноќие имале една помала интервенција. ТППЕ Берово изестува дека во период од 13:39 до 16:30 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација кај месноста „Ширината“ на површина од 15 хектари (Општина Берово) и пожарникарите од ТППЕ Македонска Каменица во изминатото деноноќие имале една помала интервенција.
Регионалниот ЦУК Куманово информира дека пожарникарите од ТППЕ Крива Паланка од 15.25 до 18.10 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалено пасиште и сува трева во с.Луке место „Маала Соколовци“ (Општина Крива Паланка) и пожарникарите од ТППЕ Ранковце од 19.07 до 20.00 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Ранковце (Општина Ранковце).
Регионлниот ЦУК Тетово информира дека пожарникарите од ТППЕ Гостивар известува дека во изминатото деноноќие имале две помали интервенции поради запалено ѓубриште и сува трева. (Општина Гостивар).

ЦУК апелира и потсетува, да не се пали вегетација на отворено и за редовно чистење на локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во каналите. Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.
Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од 12:00 до 16:00 часот ќе се…

Во реон на автопатот A2 Кичево-Охрид, што…

ЦУК: 22 пожари на отворено во последното…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…

ЦУК: 2 085 повици на 112, а…

ЦУК: 2 085 повици на 112, а…