ЦУК: 39 пожари на отворено во последното деноноќие, еден е активен

t

ЦУК: 1 960 повици на 112, а до утрово имало вкупно 39 пожари на отворено во последното деноноќие од кои 1 се уште е активен

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1 960 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 41,53%, а 58,47% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 59,85%, кон Итната медицинска помош 21,59%, а кон пожарникарите 17,05% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Збирот повици што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици во ЦУК, 1,52% со другите 61,19% што се именувани како „неитни повици“, биле вкупно 1 150 на број и биле предмет на примање, селективна обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со други институции од Системот за управување со кризи, согласно природата на пријавените итни случаи.

Имало вкупно 39 пожари на отворено во државата во последното деноноќие, од коишто еден се уште е активен е во Велешко, а пожарникарите сите други ги изгаснале, истовремено гаснејќи и други пожари во населените места.

Активен пожар на отворено се уште има над с.Мелница, кај месноста „Ливаѓе од 15:40 часот, вчера. Регионалниот ЦУК Велес, известува дека од ЈП „Национални шуми“ – подружница „Бабуна“ од Велес е добиено известување дека пожарот е на непристапен терен и дека е можно во текот на денешниот ден да се побара и подршка од воздух.

Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.
Истовремено, ЦУК информира дека потребно и корисно е да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Инаку, деталните информации согласно известувањата пристигнати од регионалните центри на ЦУК говорат дека пожари на отворено имало речиси во сите региони на државата.

Регионалниот ЦУК Скопје, (4 изгаснати пожари на отворено) известува дека БППЗ на Град Скопје во текот на изминатото деноноќие ги имала следните интервенции:

  • Од 12:00 до 13:35 часот, со 4 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација на површина од околу 5.000 м2 на автопатот Петровец – Скопје (Општина Петровец);
  • Од 13:40 до 17:50 часот, со 4 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена трска на површина од 10 ха на патот од с.Ржаничино кон с.Таор (Општина Петровец);
  • Од 14:20 до 15:40 часот, со 4 пожарникари и 2 ПП возила гаснеле запалена депонија на површина од 500 м2 кај Смилковско Езеро (Општина Гази Баба);
  • Имала и една друга помала интервенција.
    Во врска со пожарот помеѓу селата Зелениково и Градовци кој беше активен во текот на ден 22.02.2024 година, известуваат дека од страна на ЈП Национални шуми – подружница Караџица Скопје и од ЕЛС Зелениково, добиле информација дека на посоченото место нема пожар, односно истиот е изгаснат сам од себе (Општина Зелениково).

Регионалниот ЦУК Битола, (10 изгаснати пожари на отворено) известува дека ТППЕ Битола ги имала следните интервенции:

  • Од 18:35 до 19:55 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација во атарот на с.Долно Српци;
  • Од 18:35 до 22:30 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена нискостеблеста шума и ниска вегетација во атарот на с.Велушина.
    ТППЕ Прилеп, во текот на изминатото деноноќие ги имала следните интервенции:
  • Од 11:38 до 11:58 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација и скелиња за тутун на ул.Задарска бр.38;
  • Од 12:00 до 13:25 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација на м.в.По воденици;
  • Од 14:00 до 14:40 часот, со 2 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле опожарени чемпрес и ниска вегетација кај Нови гробишта;
  • Од 15:25 до 16:00 часот, со 2 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација на ул.Кирило Иван Петровиќ;
  • Од 16:15 до 16:45 часот, со 2 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација позади Венеција, Варош;
  • Од 18:00 до 21:35 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена нискостеблеста шума кај Етно ресторанот „Мариево“, м.в.Брест;
  • Од 18:58 до 20:00 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација во атарот на с.Беровци;
  • Од 19:28 до 20:00 часот, со 4 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација на ул.Јонче Крстечанец.

Регионалниот ЦУК Струмица (4 изгаснати пожари на отворено), ја пренесува информацијата од ТППЕ Струмица, дека во текот на изминатото деноноќие ги имала следните интервенции:

  • Од 13:15 до 15:15 часот, со 10 пожарникари и 3 ПП возила, гаснеле запалена трска и ниска вегетација во с.Петралинци, позади фабриката за марихуана „Канабис-Пром“;
  • Од 14:45 до 16:25 часот, со 13 пожарникари и 4 ПП возила гаснеле запалена депонија и ниска вегетација во близина на ул.Климент Охридски и с.Градско Балдовци;
  • Од 16:40 до 17:45 часот, со 4 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација во с.Банско;
  • Од 17:30 до 18:40 часот, со 6 пожарникари и 2 ПП возила гаснеле запалена ниска вегетација во с.Василево.

Регионалниот ЦУК Охрид (1 изгаснат пожар на отворено), известува дека ТППЕ Македонски Брод, на ден 22.02.2024 година, со 2 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена лисната постелка и ниска вегетација во атар на с.Грешница.

Регионалниот ЦУК Велес (5 изгаснати пожари на отворено – 1 активен), известува дека 13:15 часот, поради запалена нискостеблеста деградирана шума кај с.Ново село, до 18:30 часот интервенирале 5 вработени од ЈП „Национални шуми“ – подружница „Бабуна“, Велес. Според известувањето од ЈП „Национални шуми“ утрово, пожарот е изгаснат.
ТППЕ Неготино, од 18:40 до 19:40 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација и лозанки од кроење во атарот на с.Криволак.
ТППЕ Свети Николе, ги имала следните интервенции:

  • Од 11:50 до 13:00 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалено стрниште на површина од 1 хектар во атарот на с.Ерџелија;
  • Од 17:25 до 18:30 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација кај м.в.Пусто Валевци.

Регионалниот ЦУК Штип (5 изгаснати пожари на отворено) известува дека ТППЕ Кочани, во текот на денот ги имала следните интервенции:

  • Од 11:20 до 12:20 часот, со 2 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација и мал дел лозов насад на вкупна површина од 2 ха кај с.Бели;
  • Од 12:20 до 13:20 часот, со 2 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена трска и ниска вегетација кај с.Облешево;
  • Од 17:40 до 19:00 часот, со 2 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалени дрва и орман во близина на река Злетовица кај с.Уларци;
  • Од 19:00 до 20:10 часот, со 4 пожарникари и 2 ПП возила гаснеле запалени стрниште, ѓубре и ниска вегетација на излезот од Кочани по магистралата кон Виница.
    ТППЕ Пробиштип, од 18:10 до 19:00 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалено стрниште и ниска вегетација кај с.Бучиште.
    ТППЕ Берово

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…

Предупредување: Можно невреме попладне, не престојувајте на…

Метеоролозите од УХМР најавија дека денеска, од…

ЦУК: Најава за невреме, не престојувајте на…

Според метеоролозите, денеска, ќе има локална појава…

Пожар зад Универзална сала

Пожар избувна предмалку во куќа на улицата…

Од 12:00 до 16:00 часот ќе се…

Во реон на автопатот A2 Кичево-Охрид, што…