Цуцуловски: Дури и Енгелс, кој има скандалозен однос кон словенските народи, прави јасна дистинкција меѓу Македонците и Бугарите

t

Дури и Фридрих Енгелс гправи дистинкција Бугарите од Македонците, кои тој ги нарекува Македонски Словени, пишува на Фејсбук професорот Љубомир Цуцуловски.

– ДУРИ И ЕНГЕЛС. Во неколку текстови сум пишувал за, благо кажано, скандалозниот однос на Енгелс кон повеќето словенски народи. Денес, сепак, приложувам краток извадок од неговиот текст „Унгарската борба/Der magyarische Kampf“ од кој се гледа дека дури и Енгелс правел јасна дистинкција помеѓу Бугарите и Македонците, кои ги именува како Македонски Словени:

„Австрија, во раниот среден век, беше земја населена исклучиво со Словени. Според јазикот и обичаите, тие Словени припаѓаат на истото племе на кое припаѓаат Словените во Турција – Срби, Бошњаци, Бугари… и Македонски Словени.“

Текстот првично е објавен во весникот „Neue Rheinsche Zetung“, бр. 194 од 13 јануари 1849 година. Значи, пред скоро два века, напиша Цуцуловски на Фејсбук.

Објавата наиде на бројни реакции и гилем интерес, поради што професорот се надоврза на првара објава и напиша:

– ДУРИ И ЕНГЕЛС (2) Бидејќи мојот вчерашен пост предизвика одреден интерес кај некои мои пријатели, меѓутоа и кај непознати луѓе за текстот на Енгелс „Унгарската борба/Der magyarische Kampf“, објавен во „Neue Rheinsche Zetung“ одлучив денес да наведам/цитирам нешто поголем дел од неговиот текст:

„Австрија, во раниот среден век, беше земја населена исклучиво со Словени. Според јазикот и обичаите, тие Словени припаѓаат на истото племе на кое припаѓаат Словените во Турција – Срби, Бошњаци, Бугари… и Македонски Словени… Освен тие сродни словенски племиња, огромна територија од Црното Море до Чешката Шума и до Тиролските Алпи на југот од Балканот населени се само уште малобројни Грци, а во подрачјето на долен Дунав Власи, кои говорат романски.“

Значајно е што Енгелс пишува дека на југот од Балканот (во 1848/1849 г., кога го пишува/објавува текстот) има само малобројни Грци. Според тоа, тогашниот етнички состав на југот од Балканот бил сосема поинаков отколку што е сега. И овие нешта треба да се имаат предвид, наместо слепо да се влетува во секакви преговори/договори. – објасни Цуцуловски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Историјата се повторува – еднаш како трагедија,…

НАРЕДНИОТ ЧЕКОР Е...? Зачудувачка е историјата на…