Цуцуловски: Уставни измени се уставни измени, без разлика кога и под какви услови ќе стапат во сила

t

Уставни измени се уставни измени, без разлика кога и под какви услови ќе стапат во сила. А е секогаш А, независно од условите. Тоа го кажува логичкиот закон/принцип за идентитет.

ВО ИСТА КАЛ. Денешниот пост е само мало надополнување на мојот претпоследен пост „Обид“ од 7.06.2023 година. Во него, помеѓу другото, потсетив на Хераклитовото учење дека сè тече, сè се менува и дека (затоа!) двапати во иста река не може да се влезе. Меѓутоа, после она што го преживува Македонија, осбено после вчерашната „лидерска средба“, мислам дека Хераклит е нешто повеќе од оптимист, макар што повеќето го сметаат за мрачен песмист. После средбата стана јасно дека не само што ништо не тече/изминува, туку од истата река/кал, по сè изгледа, не може да се излезе. Вечното повторување (палингенезта) сè повеќе станува македонска судбина. Така е, барем со сегашните партии. Се очекува да следат бројни објаснувања/наклапања на партиските фигурини, како народот да не умее да умува. Како при ум, да е без ум! Сепак, останува надежта дека еден ден ќе дојде откочување и до Хераклитовото panta rei – кога и да е.

Пишува на Фејсбук професорот Љубомир Цуцуловски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Семејна драма во Македонија: Инцидент меѓу двајца…

69-годишен маж од Гостивар се соочува со…

Кушнер: САД работат на најголема размена на…

Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп…

Во меѓународна акција на Европол уапсени 354…

Во меѓународна полициска акција координирана од Европол,…

Седум од десет Европејци сакаат ЕУ да…

Околу 71 отсто од Европејците сакаат Европската…

Трамп го молел шефот на „Енвидиа“ да…

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот телефонски…