Цуцуловски: Што повеќе би ни помогнало – непродуктивната загриженост или мобилизирачката ангажираност?

t

Пред некој ден повторно го гледав филмот „Мостот на шпионите“ во режија на Стивен Спилберг. Филмот е инспириран од вистински настан – размена на советски шпион (Рудолф Абел) за заробен американски воен пилот-шпион. Адвокатот, доделен на Абел, му укажува кои опасности го очекуваат во наредниот период, вклучувајќи ја и смртната казна. Абел тоа го прима смирено, без реакција. Адвокатот, изненаден, прашува како е можно да не биде загрижен. Абел одговара: „А дали тоа би помогнало?“ Одговорот звучи невообичаено, дури и откачено. Меѓутоа, навистина, што би помогнала загриженоста, сама по себе, ако не е проследена со темелна ангажираност/мобилизираност на сè што е во негова моќ? Граѓаните на Македонија со децении живеат во сериозно-загрижувачка ситуација. Меѓутоа, што повеќе би им помогнало – непродуктивната загриженост или мобилизирачката ангажираност?

(фејсбук статус на Љубомир Цуцуловски)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СИ-ЕН-ЕН: АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВА ЗА МОЖЕН ИРАНСКИ…

Американските разузнавачки служби располагаат со информации кои…

Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја…

Во понудата на инстант лозови на Државна…

ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ВАШИНГТОН ПРИВРЕМЕНО ЗАПРЕН: Амтрак…

Американската железничка компанија „Амтрак“ (Amtrak) привремено го…

НОВ ХАОС НА АМЕРИКАНСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Падна системот…

Американската авиокомпанија United Airlines потврди дека се…

ДЕМОКРАТИТЕ ПОДГОТВУВААТ ГОЛЕМ УДАР ВРЗ ТРАМП: Се…

Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со…