Чавушоглу: Ние сме внимателни оптимисти – Очекувам нови преговори меѓу Русија и Украина
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека и покрај тешката ситуација очекува нови преговори меѓу Русија и Украина во наредниот период, јави дописничката на МИА од Брисел.
Тој потсети дека пред неколку денови рускиот и украинскиот министер за надворешни работи се сретнаа во Анталија и дека постигнаа значаен напредок во преговорите, меѓутоа по снимките кои излегоа од Буча оваа недела ситуацијата е потешка.
– Имаме уште надеж и сме внимателни оптимисти, но истовремено сме реалисти, ова е тешко прашање, но мораме да продолжиме со напорите и Турција прави сѐ што може, рече шефот на турската дипломатијата.
Турција е единствена земја на НАТО која не воведе санкции против Русија и која има доволно кредибилитет да делува како медијатор меѓу двете страни.
– Очекуваме нови средби меѓу двата преговарачки тима и потоа можеби и помеѓу министрите за надворешни работи за да се иницира можен договор, двете страни исто ставија на знаење дека можеби и двајцата претседатели би можеле да се сретнат, изјави Чавушоглу попладнево пред почетокот на вонредниот министерски состанок за надворешни работи на НАТО посветен на Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина и Русија договорија голема размена на…
Украина и Русија начелно се договориле за…
„Киев Пост“: Украина го одбила американскиот план…
Украина го отфрли американскиот предлог за прекројување…
Зеленски до Путин: „И јас можам да…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги изнесе…
Американски војник уапсен во Британија под сомнение…
Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…
Преговорите меѓу Украина и Русија продолжуваат во…
Трилатералните преговори меѓу Русија, САД и Украина…