Чавушоглу ја предупреди Грција да не влегува во “авантури”

t

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ја предупреди Грција за последиците во случај на „авантура на сметка на другите“.


„…Ако се впуштите во авантури на сметка на другите, ќе ги трпите последиците. Ова е предупредување за Грција“, рече Чавушоглу, говорејќи во Анкара.
Сојузниците на НАТО, Грција и Турција, постојано се нашле на работ на вооружен конфликт поради територијални спорови. Новата рунда на тензии започна на 23 август, кога, според турското Министерство за одбрана, Грција распоредила системи за противвоздушна одбрана С-300 од руско производство за да ги гаѓаат турските Ф-16 за време на мисијата на НАТО. Грција го негира ова.

Во последните денови реториката меѓу двете земји нагло ескалира. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претходно изјави дека Грција и се заканува на Турција со системи за противвоздушна одбрана С-300 и дека ќе плати „тешка цена“ ако „оди понатаму“.


Турскиот министер за национална одбрана Хулуси Акар изјави дека Анкара очекува објективност од НАТО во врска со употребата на С-300 од страна на Грција во потера по турски авиони. Според него, Грција го игнорира меѓународното право, добрососедските односи и пријателството. Грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас испрати писма до шефот на европската дипломатија Јосеп Борел и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за заканата од сериозен конфликт со Турција во врска со провокативните изјави на турските политичари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зголемен број на случаи на мали сипаници…

Од почетокот на оваа година во Турција…

Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…

Бројот на жртви во поплавите што ги…

Мицкоски се сретна со новиот турски амбасадор…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со…

Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…

Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…

Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…

Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…