Чадот од шумските пожари сериозно ги загрозува бремените жени
Новото истражување, објавено во списанието Frontiers in Environmental Health, покажува загрижувачки тренд: иако загадувањето од сообраќајот и индустријата во САД се намалува, чадот од сè почестите и поинтензивни шумски пожари го поништува дел од тој напредок.
Истражувачите го следеле изложувањето на PM2.5, ситни честички од загадувањето кои можат да навлезат длабоко во белите дробови и крвотокот, во периодот од 2003 до 2019 година.
Најзагрижувачки е податокот дека изложеноста на бремени жени на чад од шумски пожари повеќе од двојно се зголемила во текот на овие 17 години.
Особено погодени се западните делови на САД, каде сезоната на пожари станува сè подолга.
Според студијата, околу 65 проценти од деновите кога загадувањето го надминувало безбедното ниво за бременост биле поврзани со чад од шумски пожари.
А зошто ова е толку важно?
PM2.5 е поврзан со сериозни ризици во бременоста, вклучително и предвремено породување и ниска родилна тежина. Истражувачите предупредуваат дека честичките од шумските пожари може да бидат дури и поштетни од оние што доаѓаат од сообраќајот и индустријата, поради нивниот сложен хемиски состав.
И проблемот не е само американски.
Од Грција и Португалија, до Шпанија и југот на Франција, Европа последните години се соочува со сè почести и поинтензивни шумски пожари.
На тој начин се создава парадокс: додека државите со години вложуваат во почист воздух и намалување на индустриското загадување, климатските промени создаваат нов и сè поголем извор на загадување – шумските пожари.
А за најранливите, особено бремените жени, тоа може да значи нов здравствен ризик кој допрва треба да се научи како да се контролира.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чадот од шумските пожари сериозно ги загрозува…
Новото истражување, објавено во списанието Frontiers in…
ЦУК: Активни се четири пожари
Активни се четири од 14 регистрирани пожари…
Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…
Чистење двор или спој на разлабавени електрични…
Опожарени две возила во скопски Аеродром
Во раните утрински часови во Скопје избувнал…
(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград
Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…