Чад над Скопје: Има пожар кај село Грачани, гори шума

t

Голем пожар на отворено попладнево избувна во атарот на скопското село Грачани, сместено во непосредна близина на македонско-косовската граница. Поради интензитетот на огнот, густ бел чад се издига над планинскиот масив и јасно се гледа од поголем дел од скопската котлина.

Засегнатата локација е снимена и преку панорамските камери на жичницата кај Милениумскиот крст, каде што во живо се забележува како чадот се шири од пограничниот регион кон пошироката околина.

Според првичните информации, гори сува трева, нискостеблеста шума и тешко пристапен терен, што дополнително ја отежнува интервенцијата на надлежните противпожарни екипи. Ветерот го разнесува чадот кон пониските делови, а миризбата на изгорено веќе се чувствува во северниот и источниот дел од Скопје.

Службите ги засилуваат активностите на терен за спречување на понатамошно ширење на пожарот кон пограничната линија и околните шуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Франција го обвини Иран за сајбернапад врз…

Франција ја обвини иранската Револуционерна гарда за…

Касами ги викна оџата и владиката, ќе…

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, денеска се…

Мерц: Слободата и демократијата никогаш не треба…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц, по повод 37-годишнината…

Муцунски во работна посета на Литванија и…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…

ЕУ испраќа претставници на мировните разговори за…

Европската Унија ќе учествува со свои претставници…