Чанти, прибори, тетратки, блокови, моливи, пенкала: Училишен прибор во Грција ќе се продава по пониски цени
Училишни чанти, прибори, тетратки, блокови, моливи и пенкала, гуми за бришење, фломастери и боици, острилки, линијари, шестари и хартија за фотокопирање, содржи т.н. „Училишна кошница“ што од денеска се воведува во Грција со неопходните производи за почетокот на учебната година, а кои треба да бидат по прифатливи цени за потрошувачите, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Министерството за развој на Грција соопштија дека „Училишната кошница“ ќе биде достапна до 15 октомври, а за конкретните производи што секоја продавница ќе одлучи да ги вклучи во понудата, ќе важат одредбите за плафон на профитот и затоа ќе постојат интензивни проверки.
Потсетуваат дека максималната казна за прекршоците е зголемена за пет пати и изнесува пет милиони евра.
„Училишната кошница“ е во рамките на иницијативите на грчката Влада во одредени периоди од годината, како што се Божиќ, Нова година, Велигден итн. да воведува сезонски продукти со цени кои треба да останат исти или да има минимални покачувања.
За Велигден беше воведена „Посна кошница“ за Нова година и Божиќ, во „Божиќната кошница“ беа воведени производи поврзани со божиќната трпеза, додека пак во супермаркетите постои „Кошничката за домаќинствата“ со над 50 производи по пристапни цени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗЕЛЕНСКИ БАРА ПИСМЕНИ ГАРАНЦИИ ОД ЗАПАДОТ: Украина…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од западните…
Мерц му порача на Трамп: Мировниот договор…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц му порача на…
НОВИ ЕКСПЛОЗИИ ВО ИРАН: Силни детонации во…
Иранските медиуми јавуваат за нови експлозии во…
ЕУ и НАТО: Претстои уште многу работа…
Европската Унија и НАТО повторија дека претстои…
ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВА ВОЈНА МЕЃУ…
Ирак започнал подготовки за можен нов вооружен…