Објавено на:

Чарлс Трети ќе ги повика сите кои го гледаат крунисувањето да му се заколнат на верност

t

Сите во Вестминстерската опатија и пред телевизиските екрани ширум светот ќе бидат повикани да се заколнат на верност и на кралот и на неговите наследници, пренесуваат британските медиуми.

Сите кои ќе го гледаат крунисувањето на Чарлс Трети следната сабота ќе бидат поканети да се придружат на „милионскиот хор“ и да се заколнат на лојалност на кралот и неговите наследници, пишува Би-Би-Си повикувајќи се на организаторите на овој настан. Јавната заклетва беше најавена како една од многуте изненадувачки промени во античкиот ритуал на крунисување.

Во христијанската служба за прв пат активно учество ќе земат и верските водачи од другите вери, а крунисувањето во сабота ќе биде и првото на кое ќе бидат вклучени и другите јазици на кои зборуваат граѓаните во Велика Британија. Химната ќе се пее и на велшки, шкотско галски и ирско галски.

Се очекува „толпа од милиони“ да му се заколне на кралот.

За прв пат, јавноста ќе добие и еден вид активна улога, имено луѓето ширум светот ќе бидат поканети да му се заколнат на верност на британскиот крал.

Протоколот ќе биде таков што ќе се слушне: „Сите што го посакуваат тоа, во опатијата и на други места, кажете заедно: Се колнам дека ќе покажам вистинска верност кон вашето величество и вашите наследници“.

За да ги брани законите и Англиканската црква, новиот крал ќе треба да положи заклетва, по што архиепископот ќе го помаза со свето масло. Маслото, како што напиша СТА, е направено по таен рецепт кој меѓу другото содржи рози, јасмин и цимет. Маслото направено за Чарлс вообичаено нема да содржи состојки од животинско потекло, додека претходните кралеви и кралици традиционално се помазаа со килибар, кој се произведува во цревата на грбавиот кит, пишува Дело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ