Чаушевска Даниловска, докторант по невронаука, кон властите: Знаете ли дека ризикувате да се случи најлошото и што тогаш?

t

Ирена Чаушевска Даниловска, докторант по невронаука и организатор на NASA Space Apps Challenge 2022 Скопје кога младиот скопјанец Леонид заедно со неговиот тим го понесе првото место се огласи на социјалните мрежи во однос на случајот со Лео и Фондот за здравствено осигурување.

– Леонид е златно дете и заслужува шанса за достоинствен живот, и тоа го знае секој што го познава. Токму затоа неговите другари толку многу се вложија, но со оваа одлука на Фондот за жал се паѓа во вода. Да застанеме заедно за Леонид. Да застанеме заедно за правдата. Нашата колективна сила може да направи промена. Вашата поддршка може да биде клучна за неговата борба за живот.

Јавно ги повикувам сите кои го познаваат, а и оние кои не го познаваат лично, но го запознаа за жал преку оваа приказна, да го споделуваат ова за да извршиме притисок за итна промена на Законот која за Леонид ќе значи живот! – вели таа во објава на својот фејсбук профил.

– Најодговорно тврдам, а тоа е очигледно и од конзилијарното мислење, дека за сериозноста на повредата на Леонид ниту една од нашите здравствени институции немаат соодветно знаење и опрема за негово успешно лекување. Леонид дише со механичка подршка и има рани по телото настанати за време на престојот и несоодветниот третман на државната клиника. Условите во кои беше таму сместен и третиран не му ги посакувам ни на најголем непријател (го посетив и видов, знам што зборувам). И сега сакате да се врати назад за да продолжите да го „лекувате“?!?! Знаете ли дека ризикувате да се случи најлошото и што тогаш?!? Кој ќе одговара? – праша Чаушевска Даниловска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Полицајци спасија човек во Молдавија, кој…

Како што пренесува „Дејлимејл“, овој настан се…

Два нови обвинителни предлога против Рамиз Мерко

Основното јавно обвинителство Струга поднесе два обвинителни…

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат…

Командантот на силите Кудс, Есмаил Кани изјави…

ПАНИКА ВО АМЕРИКА.. Стејт департментот издаде итна…

Стејт департментот издаде итно предупредување до Американците…

Рјабков: Русија нема доверба во НАТО!

Геополитичките проекти со НАТО сега се невозможни,…