„Чекаме веќе три часа“ – огромни колони на грчката граница донесе почетокот на летниот распуст
Почетокот на летниот распуст и сезоната на годишни одмори ги донесе првите големи гужви на граничните премини кон Грција, една од омилените летни дестинации на туристите од регионот.
Според сведоштва на патници, на граничниот премин Евзони се чека со часови, а колоните возила се движат многу бавно.
„Чекаме веќе три часа, а границата сè уште не се гледа. Работат повеќе царински пунктови, но бројот на возила е огромен“, изјавил еден патник од Србија кој патувал кон Грција со семејството, пренесе „Блиц“. Најголем дел од возилата се семејства со деца кои веднаш по завршувањето на учебната година тргнале на летување. Патниците велат дека гужвите не се изненадување, бидејќи овој викенд го означува почетокот на првиот голем бран туристи кон грчките летувалишта. Сепак, повеќечасовното чекање на високи температури кај многумина предизвикало замор и нервоза уште на самиот почеток од одморот. Возачите се советуваат пред поаѓање да ја проверат состојбата на граничните премини и да понесат доволно вода, храна и трпение, бидејќи се очекува засилен сообраќај и во текот на денот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Бебето Хана едвај преживеа,…
АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Јас сум мајката на…
Индискиот извоз на оружје во Европа пораснал…
Индија од 2023 година наваму продала на…
ПРИОРИТЕТ ВО НОВИОТ ЗАКОН ЗА РУДАРСТВО СЕ…
Властите прогнозираат дека ефектите од рудниците можат…
Доскорешниот началник на Генералштабот на АРМ, Васко…
Поранешниот началник на Генералштабот на Армијата на…
Путин: Во контакт сме со Илон Маск
Русија е во контакт со американските партнери,…