Објавено на:

Чекор кон климатска неутралност во сообраќајот

t

Со цел намалување на штетното влијание врз животната средина и побрза транзиција кон целосна климатска неутралност во сообраќајот, меѓународната транспортна и логистичка компанија Gebrüder Weiss ја стартуваше програмата zero emissions насочена кон нивните клиенти, со која е можно пресметување на емисиите на CO2 во патниот, воздушниот и поморскиот сообраќај, и истите да бидат неутрализирани со поддржување на еден од сертифицираните проекти за заштита на животната средина.

Така компаниите кои се грижат за општествена одговорност, можат да обезбедат почитување на целите на одржливиот развој за своите производи низ целиот синџир на снабдување и транспарентно да го следат отпечатокот кој го имаат во секојдневното работење. За многу компании ова е исклучително важно, не само заради почитување на добрите интерни практики, туку и кај нефинансиското известување, кое од идната година ќе стане обврска за сите компании.

Инаку, Gebrüder Weiss до 2030 година. сака да достигне климатска неутралност во своите логистички постројки. За да го постигнат тоа, компанијата ќе ги снабдува своите логистички објекти со електрична енергија од фотонапонски системи и ќе го зајакне возниот парк со товарни возила со ниски емисии, како што се камионите на водород, електрична енергија и сл.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орбан: Дојде време за промени во ЕУ!…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека денес…

Ковачевски вели дека во СДСМ следуваат промени

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска се…