Честитка од Ахмети за Илинден: Благодарение на тие храбри процеси сме членка на НАТО
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска упати честитка по повод празникот Илинден, нагласувајќи ја важноста на, како што напиша во објава на Фејсбук, заедничкото востание од 1903 година кое ги обедини граѓаните на земјата околу виталните каузи за слобода, еднаквост и мир.
„Пред 119 години, патот до слободата ќе започне од Крушево, долго, но триумфално патување, предизвик по предизвик, благодарение на подготвеноста на многу генерации на ова подземје да застанат заедно околу вредностите на слободата, еднаквоста и мирот. Инспирирани од тоа заедничко востание во 1903 година, заедно не дозволивме наша општествена декаденција, ги поразивме идеологиите на поделби една по друга во дискриминаторските системи, за да ги изградиме со Охридскиот договор темелите на еднаквоста како што доликува на една демократска земја и како што почнавме пред 119 години. Сега, благодарение на сите тие храбри процеси низ кои поминавме, ние сме земја членка на НАТО, пример за мировни процеси и решени заедно да го продолжиме ова вековно патување на победите кон интеграција на земјата во Европската Унија. Честит празник на сите граѓани на државата!“, напиша Ахмети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трендафилов: Илинден е секој ден и секој…
,,Ние не само ве имаме како сфои…
Во Крушево почнува манифестацијата „10 Дена Крушевска…
Со кревањето на знамето на Крушевската Република…
БМЗ ја затвора фабриката во Илинден, се…
Германската компанија БМЗ (BMZ Group), која произведува…
Мицкоски од Илинден: Се гради низ целата…
Добро е што се гради. Со овој…
Делови од Илинден и од Карпош денеска…
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска…