Честитка од МД „Илинден“ по повод 11 Октомври

t

Македонското друштво „Илинден“-Тирана упати честитка по повод 11 Октомври-Денот на народното востание.

-Со голема почит кон загинатите борци, народни херои и дејци и на сите што ги дале своите животи во НОБ и револуцијата, сите кои се втемелија во државноста и она што се нарекува независна и суверена Македонија, давајќи го најдрагото, својот живот, во името на Македонско друштво „Илинден“-Тирана Ви го честитаме 11 Октомври-Денот на Востанието на македонскот народ против фашистичкиот окупатор. Да го почитуваме и славиме овој голем ден, стои во честитката.

Денеска, како што е наведено во честитката, да се потсетиме и да им оддадеме достојна почит на оние кои се бореа за слободата, потврдувајќи ја нивната пожртвуваност и патриотизам.

-До сите Македонци каде и да се на земјината топка порачуваме да ја сакаме и почитуваме како светост нашата татковина Македонија, порачува Македонското друштво „Илинден“, во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарија ќе го повлече ветото за отворање…

Унгарија се очекува да го повлече ветото…

ММФ: Вештачката интелигенција го поттикнува светскиот економски…

Вештачката интелигенција во 2026 година за првпат…

Трамп го смени шефот за сајбер-безбедност по…

Директорот за национална сајбер-безбедност на Белата куќа,…

Денес се празнува Светиот маченик Јерон со…

Роден е во градот Тијана кападокиска од…

(Видео) Полска ја активира противвоздушната одбрана по…

Полските вооружени сили ја зголемија готовноста на…