Честитка од претседателот Пендаровски по повод 21 декември – Денот на наставата на турски јазик
Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 21 декември – Денот на наставата на турски јазик, упати честитка до припадниците на турската заедница во Република Македонија.
–Најсрдечно ви го честитам 21 декември – Денот на наставата на турски јазик и ви посакувам многу здравје, радост и бериќет. Овој ден е врзан со почетоците на слободната македонска држава и Декларацијата на АСНОМ за основните права на граѓаните со која се гарантира правото на слободен национален живот за немнозинските заедници. Еден од првите плодови на таа декларација беше наставата на мајчин јазик за повеќе заедници, вклучително и за турската. Од тогаш до денес, образованието на турски јазик придонесува кон одржувањето на турскиот идентитет, култура и традиција и негување на соживотот во македонското мултиетничко, мултијазично и мултирелигиско општество, пишува Пендаровски во честитката.
Тој додава дека како лојални граѓани на Република Македонија, припадниците на турската заедница се истовремено и мост за соработка со пријателска Република Турција.
–Само сплотени можеме да ги надминеме сите предизвици со коишто се соочуваме како држава и општество. Верувам дека припадниците на турската заедница ќе продолжат да го даваат својот значаен придонес кон градењето на стабилна, праведна и просперитетна држава за сите, вели претседателот Пендаровски во честитката по повод одбележувањето на 21 декември – Денот на наставата на турски јазик. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска Давкова изрази сочувство до Јотова за…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова изрази сочувство до…
Трамп ја испраќа Кристи Мекормик за амбасадорка…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја номинираше…
Екс студент остави писмени закани до деканот…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.А.(38)…
Кочанскиот обвинител бара јавно извинување од Ива…
Обвинителот од Основното јавно обвинителство Кочани, Игорчо…
Мицкоски се сретна со новата британска амбасадорка…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил средба со…