Честитки од ЛДП по повод 152 годишнината од раѓањето на Делчев: Неговите дела се аманет за политиките кои треба да ги води државата

t

Во чест на 152 година од раѓањето на големиот македонски револуционер Гоце Делчев делегација на Либерално-демократска партија положи цвеќе на неговото вечно почивалиште во црквата Св. Спас во Скопје.

-Идеалите на големиот визионер Гоце Делчев, кој пред повеќе од еден век го разбрал светот како поле за културен напредок меѓу народите, се разбран аманет и патоказ за политиките кои треба да ги води државата.

Пораките за единство и сплотеност се подеднакво актуелни и денес и се света обврска за секого, додека ја градиме Република Македонија за сите граѓани и ја интегрираме, по најголемиот безбедносен сојуз, НАТО, што е веќе реалност и како полноправна и рамноправна членка на Европската Унија, во семејството на европски народи и држави, порачуваат од партијата.

Чествувањето почна со панихида на која присуствуваат секретарот на градската организација Влатко Неделковски и членовите на извршниот одбор на партијата Ивица Тодоровски и Цеце Петрова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Клековски најави формирање комисија за случајот со…

Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…

„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…

„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…

Зеленски се надева дека резултатите од американските…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…

Евромбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот…

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис…

Иран објави информација за три опожарени бродови…

Два танкера и реморкер се опожарени во…