Четворица албански пратеници ќе бидат казнети за инцидентите во Собранието

Комисијата за етика на по 10 дена исклучи од работата на албанското Собрание четворица пратеници од опозициската Демократска партија, приврзаници на Сали Бериша.
Казната следува поради хаосот што го предизвикаа на понеделничка пленарна на која на дневен ред беше Нацрт-буџетот за идната година.
Станува збор за пратениците Фламур Нока, Газмент Барди, Блеџон Налбати и Фламур Хоџа, кои и ја блокираа говорницата со столици, физички нападнаа гардисти вклучени во обезбедувањето, пуштаа димни бомби па дури запалија едно од пратеничките места.
Таква мерка, иако беше побарано, не добија пратеничките Сорина Коти и Албана Вокши од чии чанти беа изведени димните бомби.
Барање за изрекување санкции побараа пратеници од владејачката Социјалистичка партија, кои собраа доволен број потписи.
На оваа одлука експресно реагираше ДП која смета дека „исклучувањето на пратениците е спротивно на барањето на меѓународниот фактор за конструктивен дијалог”.
– Исклучувањата само не охрабруваат на нашиот вистински пат, порачаа демократите.
Приврзаниците на Бериша ја блокираат работата и на парламентарните комисии, поради што седниците се одржуваат онлајн.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…
Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…
Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…
Канада оди на предвремени избори: Мораме да…
Канадскиот премиер Марк Карни распиша предвремени избори…
Трамп: Многу скоро целосно примирје, а потоа…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува…
САД го поздравуваат мировниот договор меѓу Ерменија…
САД го поздравија успешниот крај на преговорите…