Четворица Албанци претепале 15-годишен Србин во Косово

t

Канцеларијата за Косово и Метохија соопшти дека момчето Лазар М. (15) утрово претепан од четворица повозрасни Албанци во етнички мешаната населба Суви Дол.

Тој утрово пеш излегол од дома кога од автомобилот во движење му довикнале на албански јазик. Детето ја спуштило главата, што на напаѓачите им било знак дека не го разбира јазикот и дека е Србин, па го запреле возилото и го претепале момчето, пренесуват тамошните медиуми.

Како што се наведува во соопштението, момчето утринава во придружба на неговиот татко Златко дошло во КБЦ Косовска Митровица со видливи повреди на главата, хематоми и гребаници, како и модринка под окото, а според него, напаѓачите го удриле неколку пати во пределот на градите и стомакот.. Поставена е целосна дијагноза и пуштен е на домашно лекување.

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, веднаш разговарал со таткото на повреденото момче и му пружил поддршка и ја понудил сета помош на Управата.

По нападите врз српските млади момчиња во Штрпце и Клокот, уште едно српско дете беше мета на албанските хулигани и екстремисти. Нападот се случи на местото каде што се „стационирани припадници на косовската полиција на Курти поради наводното „загрозување на Албанците“ во мешани средини“.

„Очигледна е вистината дека нивната намера е да обезбедат заштита на хулиганите и екстремистите да ги напаѓаат Србите и српските деца неказнето. Никој не смее да ја сврти главата од овој напад и целата меѓународна заедница мора да го погледне Лазар во очи и да му објасни зошто бил нападнат на неговиот праг. Овде не смее да има каде да се релативизира нападот, бидејќи Лазар е нападнат само и исклучиво затоа што е Србин“, се наведува во соопштението на Канцеларијата за Косово и Метохија, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеничка фрлаше…

Конститутивната седница на Собранието на Косово денес…

Косовски државјанин „летал“ со 220 км/ч на…

Косовски државјанин е лишен од слобода откако…

Поранешен полицаец во Косово осуден на 10…

Основниот суд во Приштина денес осуди поранешен…

Марта Кос за министерката што рече „етнички…

Марта Кос за министерката Снежана Пауновиќ изјави…

Косово прогласи српска министерка за персона нон…

Министерката за државна управа и локална самоуправа…