Четворица државјани на Македонија евакуирани од Судан со помош на Саудиска Арабија

t

Информираме дека во текот на вчерашниот ден, од Судан, кој е зафатен со воени судири, беа евакуирани четири државјани на Република Македонија. Евакуацијата е реализирана со асистенција на Саудиска Арабија, за што упатуваме искрена благодарност, соопштија од Министерството за надворешни работи.

Евакуираните граѓани на Република Македонија во моментот се наоѓаат во градот Џеда, Саудиска Арабија. Нашата амбасада во Абу Даби е во постојана комуникација со тамошните власти, во насока на нивно враќање во Македонија. До сега се евакуаирани вкупно 4879 лица, од кои 139 се Саудијци, а другите се од 96 земји од целиот свет, меѓу кои и од Европа, САД, а од нашиот регион освен Македонија, се и Грција и БиХ.

Министерството за надворешни работи со внимание го следи развојот на состојбите во Судан и е во комуникација со држави кои имаат свои дипломатски конзуларни претставништва во земјата.

Во оваа прилика апелираме доколку има наши државјани кои се наоѓаат во територијата на Судан да ја контактираат Амбасадата на Република Македонија во Абу Даби на следниот телефонски број +971 56 441 7532 и е-мејл адреса abudabi@mfa.gov.mk,  Амбасадата на Република Северна Македонија во Каиро на следниот телефонски број +201033615542 и е-мејл адреса cairo@mfa.gov.mk, како и Министерството за надворешни работи на СОС телефонот + 389 75 273 732 и следната е-мејл адреса globalsos@mfa.gov.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МАЕИ бара поголема застапеност на македонското малцинство…

Од исклучителна важност е македонското малцинство, како…

Лани 2.805 Македонци добиле германско државјанство

Бројот на луѓето кои добиле германско државјанство…

Македонците во Гора го слават Ѓурѓовден

Македонците во областа Гора, северо-источна Албанија, почнаа…

Судан ја призна независноста на Косово

Косовската претседателка Вјоса Османи соопшти дека Судан…

Спиропали: Македонците во Албанија продолжуваат да бидат…

Македонците во Албанија продолжуваат да бидат горди…