Четворица државјани на Македонија евакуирани од Судан со помош на Саудиска Арабија

t

Информираме дека во текот на вчерашниот ден, од Судан, кој е зафатен со воени судири, беа евакуирани четири државјани на Република Македонија. Евакуацијата е реализирана со асистенција на Саудиска Арабија, за што упатуваме искрена благодарност, соопштија од Министерството за надворешни работи.

Евакуираните граѓани на Република Македонија во моментот се наоѓаат во градот Џеда, Саудиска Арабија. Нашата амбасада во Абу Даби е во постојана комуникација со тамошните власти, во насока на нивно враќање во Македонија. До сега се евакуаирани вкупно 4879 лица, од кои 139 се Саудијци, а другите се од 96 земји од целиот свет, меѓу кои и од Европа, САД, а од нашиот регион освен Македонија, се и Грција и БиХ.

Министерството за надворешни работи со внимание го следи развојот на состојбите во Судан и е во комуникација со држави кои имаат свои дипломатски конзуларни претставништва во земјата.

Во оваа прилика апелираме доколку има наши државјани кои се наоѓаат во територијата на Судан да ја контактираат Амбасадата на Република Македонија во Абу Даби на следниот телефонски број +971 56 441 7532 и е-мејл адреса [email protected],  Амбасадата на Република Северна Македонија во Каиро на следниот телефонски број +201033615542 и е-мејл адреса [email protected], како и Министерството за надворешни работи на СОС телефонот + 389 75 273 732 и следната е-мејл адреса [email protected]

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најголем број туристи од Бугарија и Русија,…

Србија во март ја посетиле 153.155 странски…

Македонците како посебен народ во учебниците во…

МАКЕДОНЦИТЕ КАКО ПОСЕБЕН НАРОД ВО УЧЕБНИЦИТЕ ВО…

Пендаровски им одговори на Бугарите: Постоењето на…

Претседателот Стево Пендаровски смета дека е потребна…

БРАВО МАКЕДОНЦИ! Во центарот на Пустец ќе…

Советот на општина Пустец, ја поддржа иницијатвата…

МД „Илинден“-Тирана од албанските власти бара поставување…

Македонското друштво „Илинден“-Тирана достави барање до албанската…