Четворица Италијанци и еден Македонец уапсени во Велес, пронајдени ловечко оружје, муниција и уловен дивеч без дозвола
На 02.09.2026 во 11:20 часот на автопатот Велес – Градско, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишија од слобода Л.Б.(60) од Италија, со привремен престој во Велес. При преглед на патничко возило „ауди“ со албански национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 207 ловечки патрони за кои не поседувал соодветна документација. Известен бил јавен обвинител и инспектор за странци и по документирање на настанот против Л.Б. ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.
Подоцна, во 18:50 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода и Т.Р.(58), З.Д.(72) и А.А.(74), сите од Италија и М.И.(62) од Скопје. При претрес во објектот во кој престојувале италијанските државјани во Велес, извршен со наредба од Основен суд Велес, каде бил затекнат и М.И., кој бил домар, биле пронајдени и одземени ловечко оружје, ловечки патрони, поголема количина улов, пари, документација и други предмети.
Известен бил претставник од ловечко друштво „Руен“ од Велес, при што било констатирано дека одземениот улов потекнува од кривично дело „Незаконит лов“, казниво по член 228 од Кривичниот законик. Л.Б., Т.Р. и М.И. биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МАЛОЛЕТНИК ОСОМНИЧЕН ЗА НАПАД ВРЗ СОПСТВЕНАТА БАБА:…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе…
Лавров пред ОН: Русија нема да направи…
Русија нема да прави „пауза“ во војната…
Американски извор: Вашингтон одбил да ја укине…
САД го одбиле иранското барање за укинување…
Манчевски: Стравот од дата центрите е застарен,…
Дата центрите не се мистериозни постројки што…
Вработени кои се на боледување се сликаат…
Министерот за здравство Сашо Клековски по реакциите…