Четворица обвинители се борат за наследници на Лаура Ковеши во ЕЈО

t

Четири кандидати се во трка за следен шеф на Европското јавно обвинителство, а нивното интервјуирање треба да се одржи следната недела во Брисел. Ова се наведува во соопштението на комисиите на Европскиот парламент за граѓански слободи, правда и внатрешни работи и за буџетска контрола.

Кандидатите ќе одговорат на прашања поврзани со нивните намери ефикасно да истражат и да ги изведат пред лицето на правдата сторителите на кривични дела против финансиските интереси на ЕУ на независен, професионален и чесен начин, се додава во соопштението. Се забележува дека главниот обвинител на ЕУ има седумгодишен мандат без можност за обновување.

На сослушувањето се примени Стефано Кастелани (Италија), Ингрид Машл-Клаузен (Австрија), Андрес Ритер (Германија) и Емилио Улед (Шпанија). Сите тие се обвинители, а Машл-Клаузен и Ритер веќе работат за Јавното обвинителство на ЕУ. Сегашната шефица на Европското јавно обвинителство, Лаура Ковеси (Романија), беше назначена на функцијата во октомври 2019 година со одлука на ЕП и Советот на ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството не може да си ги обезбеди…

Само една девојка, преживеана во кочанската трагедија,…

Кривични за демонстрантите кои сакаа да возат…

Битолската полиција поднесе кривична пријава против четири…

Калајџиев: Низа пропусти во случајот „Пулс“ –…

Целата приказна со Кочани е доста интересна…

Уапсен косовски обвинител за примање на мито

По наредба на Специјалното обвинителство на Косово,…

Обвинителството за Беланоца-Барон: Се декларираат за големи…

Со воведни зборови на Обвинителството, денеска, во…