Четврта во Европа ама одзади: Македонија – четврта на листата на најсиромашни земји во Европа

t

Македонија се наоѓа на четвртото место меѓу најсиромашните европски држави, според најновите податоци за бруто-домашниот производ (БДП) по глава на жител. Според анализите, БДП по жител изнесува 8.751 долар, а според паритетот на куповна моќ (PPP) – 19.290 долари.

Економистите укажуваат дека земјата се соочува со повеќегодишни структурни проблеми – недостаток на природни ресурси, индустрии со висока додадена вредност и недоволно конкурентна економија. Дополнително, голем број образовани и квалификувани граѓани заминуваат во странство, најчесто поради корупцијата, нефункционалната администрација и бавната бирократија.

„Овие фактори го забавуваат економскиот раст и ја намалуваат можноста за одржлив развој,“ велат експертите.

Иако Македонија бележи повремени економски пораст, разликата во животниот стандард со европскиот просек останува значителна. Според економските проекции, без структурни реформи и инвестиции во продуктивни сектори, земјата тешко ќе може да се издвои од дното на европската економска листа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…

Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…