Четврти ден продолжува потрагата по исчезнатиот Македонец во Грција: Денеска ќе се ангажира и авион
Во спасувачката операција утрово учествуваат три пловни објекти и четири патролни возила на грчката крајбрежна стража, како и групи волонтери, додека во текот на денот се очекува да се вклучи и авион.
Четврти ден продолжува потрагата по 30-годишниот турист од Македонија, кој се води како исчезнат од минатата сабота попладне, кога беше однесен од силни морски струи, на плажата Мити, во Посеиди, Халкидики.
Денеска временските услови во подрачјето кое се истражува се поповолни во однос на претходните 24 часа, кога дуваа ветрови од 7 бофори со прекини.
Вчера од САД на Халкидики допатуваа мајката и братот на Мартин кој живее во САД. Во текот на вчерашниот ден беше пребарувано крајбрежјето.
Денеска, според изјавата на пријател на Мартин ќе се трага со дрон под вода, мајката на Мартин треба да потпише согласност, и ако не го најдат истрагата завршува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Разбиена голема мрежа за даночни измами во…
Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…
Разбиена мрежа за шверц на мигранти во…
Грчката полиција разби наводна мрежа за шверц…
Грција ги забрани социјалните мрежи за деца…
Децата помлади од 15 години во Грција…
Протести и во Грција: Ученици, студенти и…
Грчки студенти денеска поставија шатори во близина…
Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…
Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…