Четири активни пожари до 19 часот во Македонија

t

Известување од Центарот за управување со кризи, активни пожари до 19.00 часот.

АКТИВНИ ПОЖАРИ

  1. Шумски пожар помеѓу Богомила и Гостиражни кај големиот тунел. Дејствуваат 5 вработени од ШС Бабуна со едно теренско возило 1 шумар.
    Кракот кој што е во правец на с.Богомила е изгаснат од страна на месното население, а другиот крак према стариот пат за Прилеп – Гостиражни го гаснат ШС Бабуна. Опожарена е ретка дабова шува трње и трева.
  2. ТППЕ Тетово од 17:30 часот интервенира на запалена сува трева и багрем кај с. Требош спрема с. Чепчиште со 1 ПП возило и 3 пожарникари.
  3. Пожар во Охрид на ул: Ирена Гинова Мирка од 17.45 часот. Запалена е сува трева и необработливо земјште – ниви. На тереан има 1 ПП возило и 3-ца пожарникари.
  4. БППЗ на град Скопје од 12.05 часот гасат запалена сува трева и мешана шума на површина од 10 ХА во село Смесница со 2 ПП возила и 6 пожарникари.

ИЗГАСЕНИ ПОЖАРИ

  1. ТППЕ Штип од 10.10 до 11.15 пожар во кругот на фабриката „Техникал текстајлс“ 4 пожарникари со 2 ПП возила. Како последица од пожарот во Клиничка болница Штип се примени двајца пациенти со телесни повреди.
  2. ТППЕ Кочани од 09,15 до 09,40 часот интервенирале на запалено моторно возило на плоштадот во градот Кочани со 2 пожарникари со 1 ПП возило.
  3. Пожарот во село Радибуш е ликвидиран во 11:45. Учествувале 3 пожарникари со 1 ПП возило, 7 вработени во ЈП Македонски шуми со 1 возило и 2 од месно население. Опожарена е борова шума со површина од 10 декара.
  4. ТППЕ Крушево интервенирала од 08.00 до 10.00 часот за запалена граддска депонија со 1 ПП возило и 2 пожарникари.
  5. БППЗ на град Скопје од 08.05 до 08.25 часот гаселе запален пластичен контејнер на површина од 2 м2 на ул. Ѓорче Петров б.б. со 1 возило и 3 пожарникари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЦУК: 22 пожари на отворено во последното…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…

ЦУК: 2 085 повици на 112, а…

ЦУК: 2 085 повици на 112, а…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено во…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…