Четири возила се судрија на патот Охрид – Кичево, има повреден
Вчера на магистралниот пат Охрид–Кичево, веднаш по влезот за село Ботун, се случила сообраќајна несреќа меѓу четири возилa
Во несреќата учествувале патничките возила „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.Д.Д.Ф. (50) од Холандија; „мицубиши“ со скопски ознаки, управувано од З.Ч. (74) од Скопје; „рено“ со охридски ознаки, управувано од Г.Т. (48) од с. Лескоец, и товарното возило „ман“ со приклучно возило „кроне“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Р. (25) од с. Студеничани.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобиле возачот на „мицубиши“ З.Ч. и неговата сопатничка М.Д.Ч. (71), додека со телесни повреди се здобила сопатничката од „рено“ В.Т. (48). Сите повредени биле пренесени и згрижени во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.
На местото на настанот извршен е увид.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Четири возила се судрија на патот Охрид…
Вчера на магистралниот пат Охрид–Кичево, веднаш по…
Крвава расправија во Дебар – маж прободен…
32-годишен жител на Дебар синоќа беше уапен…
На ГП „Блаце“ спречен шверц на 78…
Од Царинската управа информираат дека на граничниот…
Студентски и граѓански организации покренаа петиција за…
Академскиот пленум, MASA, PROAKTIV на Универзитетот во…
СДСМ: Се потврдува скандалот со милионскиот тендер…
Соопштение на СДСМ: Се потврдува скандалот во…