Четири возила се судрија на патот Охрид – Кичево, има повреден
Вчера на магистралниот пат Охрид–Кичево, веднаш по влезот за село Ботун, се случила сообраќајна несреќа меѓу четири возилa
Во несреќата учествувале патничките возила „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.Д.Д.Ф. (50) од Холандија; „мицубиши“ со скопски ознаки, управувано од З.Ч. (74) од Скопје; „рено“ со охридски ознаки, управувано од Г.Т. (48) од с. Лескоец, и товарното возило „ман“ со приклучно возило „кроне“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Р. (25) од с. Студеничани.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобиле возачот на „мицубиши“ З.Ч. и неговата сопатничка М.Д.Ч. (71), додека со телесни повреди се здобила сопатничката од „рено“ В.Т. (48). Сите повредени биле пренесени и згрижени во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.
На местото на настанот извршен е увид.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…
Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал…
На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…