Четири години од отворањето, Пелешкиот мост оди на санација: Откриени пукнатини на носечките столбови
Пелешкиот мост во Хрватска ќе биде саниран четири години по неговото отворање, откако на носечките пилони биле утврдени пукнатини во површинскиот слој на бетонот.
Според информациите на „Хрватски патишта“, работите треба да започнат во октомври и ќе бидат насочени кон отстранување на оштетувањата на бетонската конструкција.
Како што објавува „Јутарњи лист“, на дел од пилоните се забележани пукнатини во кои веќе навлегле влага и вода. Тие се длабоки меѓу 3,5 и 6 сантиметри, додека заштитниот бетонски слој што ја штити главната арматура е со дебелина од 3,5 до 7 сантиметри.
Стручните служби предупредуваат дека навремената санација е неопходна за да се спречи продирање на вода и сол до арматурата, што би можело да предизвика корозија и дополнително оштетување на конструкцијата. Во спротивно, постои и ризик од отпаѓање делови од бетон врз коловозот.
Пелешкиот мост беше пуштен во употреба во јули 2022 година и претставува еден од најголемите инфраструктурни проекти во Хрватска, со кој беше овозможено директно патно поврзување на југот на земјата без минување низ територијата на Босна и Херцеговина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Кина 110 хуманоидни роботи поставија Гинисов…
Во кинескиот град Џинан, во провинцијата Шандонг,…
Речиси 1.000 уапсени по вчерашните протести и…
Речиси 1.000 лица се уапсени откако стотици…
Излезноста на изборите во Србија до 14…
Во Србија денеска се одржуваат вонредни парламентарни…
Нападната мајката на Александар Вучиќ – ја…
Ангелина Вучиќ, мајката на Александар Вучиќ, била…
Во сообраќајка загина 58 годишник од струмичко…
МВР информира дека рано утринава околу 02:00…