Четири дена без нов случај на западнонилска треска, осум пациенти остануваат на инфективната клиника
Осум пациенти со потврдена невроинвазивна форма на западнонилска треска во моментов се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести во Скопје, од кои двајца се во тешка состојба и се лекуваат на одделот за интензивна нега.
Директорот на Клиниката, Фадил Цана, денеска информираше дека во изминатите четири дена нема примен нов пациент со потврдена западнонилска треска.
„Веќе четири дена немаме примен нов пациент со потврдена западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести“, информираше Цана.
Двајцата пациенти кои се во потешка состојба се интубирани и се на механичка вентилација, додека останатите се лекуваат на одделите на Клиниката.
Од хоспитализираните пациенти, најголем дел се од Скопје, а еден е од Свети Николе. Речиси сите се лица постари од 60 години.
Во однос на смртните случаи, Цана потврди дека во текот на викендот е регистриран осмиот смртен исход од западнонилска треска. Станува збор за 70-годишен пациент кој на Клиниката бил примен на 25 август во исклучително тешка состојба.
Пациентот веднаш бил сместен на интензивна нега, интубиран и приклучен на механичка вентилација, но и покрај третманот и напорите на медицинскиот тим, по десетдневен престој починал.
Според Цана, сите пациенти кои досега се лекуваат на Клиниката се заразиле во земјава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кокаин скриен во тропско овошје стигнувал во…
Голема меѓународна полициска операција доведе до разбивање…
Грозданова: Четири сомнителни случаи во Хрватска беа…
Информациите за четири сомнителни случаи на остеитис…
„Тешко е да се живее со депресија“…
„Тешко е да се живее со депресија“,…
ВМРО-ДПМНЕ: Мастер-планот на Филипче е да дојде…
ВМРО-ДПМНЕ реагираше на ставовите на лидерот на…
Зеленски го осуди договорот на Трамп со…
Володимир Зеленски ја осуди објавата на Доналд…