Четири експлозии во една ноќ во Амстердам, зборот „војна“ испишан на ѕидовите на две згради

t

Во Амстердам во текот на ноќта се случија експлозии во четири згради, на ѕидовите на најмалку две беше испишан зборот „војна“, а полицијата уапси двајца осомничени.
Како што јави локалната телевизија АТ5, првата експлозија се случила околу 23 часот и 45 минути во станбениот комплекс и предизвикала искршени неколку прозорци, а полицијата набрзо уапсила двајца осомничени.


Извори за амстердамската телевизија изјавија дека експлозијата била напад врз ривалите на убиениот рапер Бигидагое.
Втората експлозија се случила околу 01:00 часот и го оштетила влезот на зградата, а насилниците на ѕидот го напишале зборот „војна“.
Истиот збор сторителите го напишале и на третата зграда каде што се случила експлозијата околу 03:15 часот.


Полицијата соопшти дека на местото на четвртата експлозија биле оставени експлозиви и дека реагирала Службата за уништување експлозивни направи на Министерството за одбрана, објави NL Times.
Раперот Дензел Силос (26), попознат како Бигидагое, е убиен во неделата наутро во близина на станицата Слотердајк во Амстердам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Напад на бомбаш-самоубиец, најмалку 14 загинати…

Најмалку 14 лица, меѓу кои и полицајци,…

Експлозии одекнуваат источно од Техеран

Жителите на градовите Пакдаш и Чиамдаш, источно…

(Видео) Нападнат е Иран, одекнуваат експлозии во…

Израел започна воздушни напади врз централен и…

Деветмина загинати во израелски воздушен напад над…

Во денешните израелските воздушни напади врз јужен…

Нарачал производи, па го ограбил и натепал…

На 05.06.2026 во 22:30 часот во СВР…