Четири земји-членки на ЕУ бараат Украина да се финансира со рускиот замрзнат имот
Холандија, Полска, Шпанија и Шведска побараа од Европска комисија повторно да ја разгледа можноста за користење на замрзнатиот руски имот за финансирање на Украина.
Четирите држави испратија заедничко писмо до Високата претставничка на Европска Унија за надворешна политика и безбедност Каја Калас и шефицата на ирската дипломатија Хелен Мекенти пред неформалната средба на министрите за надворешни работи на ЕУ.
– На Украина ѝ е потребна поголема финансиска поддршка и на краток и на долг рок. Веруваме дека сега е време да се вратиме на прашањето како можеме понатаму да ги користиме замрзнатите руски средства во корист на Украина, се наведува во писмото.
Околу 210 милијарди евра руски државен имот се замрзнати во ЕУ, од кои повеќето се чуваат во белгискиот депозитар „Еуроклеар“.
Планот за користење на руските средства како основа за голем заем за Украина веќе е дискутиран меѓу лидерите на ЕУ, но не е постигнат договор поради противењето на Белгија. Белгиските власти предупредуваат на можни правни и финансиски последици, како и на ризикот од руска одмазда. Наместо тоа, ЕУ одлучи да обезбеди заем од 90 милијарди евра за Украина, кој ќе биде исплатен во текот на следните 18 месеци, под услов Киев да ги спроведе реформите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Трамп повторно задрема пред камера
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно привлече внимание…
Радикални имами, киднапирања и врски со странски…
Агенцијата за национална безбедност во координација со…
10-годишно дете нападнато на автобуска станица
На 28.09.2026 во 19:45 часот во СВР…
Новинар стана крал на Уганда
Новинарот и долгогодишен телевизиски водител Едвард Рукиди…
Грчкиот раст и натаму е над европскиот
Грција и натаму бележи повисок економски раст…