Објавено на:

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

t

Најмалку четири лица се убиени, а 20 други се повредени во масовно пукање што се случи во ресторан во Јужна Каролина околу 1 часот по полноќ во саботата навечер.

„По пристигнувањето на местото на настанот, заменик-шерифот пронашол голема група луѓе, од кои некои имале прострелни рани“, соопшти канцеларијата на шерифот.

Утврдено е дека во времето на пукањето во зградата имало околу стотина луѓе. „Неколку жртви и сведоци избегале во блиските комерцијални и станбени згради, барајќи засолниште од куршумите“, се вели во полициското соопштение.

Потврдено е дека четири лица загинале на самото место, додека најмалку 20 се ранети, од кои четворица се во критична состојба, јавува ABC News .

Полицијата соопшти дека осомничениот е идентификуван, но засега не е познато дали е уапсен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Пожар на гасна платформа во Иран:…

Пожар избувна на платформата SPD14D во рамките…

Хегсет ги отфрли обвинувањата за воени злосторства:…

Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, денес…

МОН најавува поголема поддршка за науката: Пристап…

Министерството за образование и наука соопшти дека…

Трамп рече дека не планира нови напади…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира…

Над 90 уапсени во Србија за две…

Повеќе од 90 лица се уапсени во…