Четири пожари во Делчево за само еден ден
Локализирани пожарите кои во текот на вчерашниот ден избувнаа на повеќе локации на територијата на Општина Делчево. Според дежурната служба на Територијалната против пожарна единица од Делчево, пожарите биле од отворен простор, а зафатена била ниско-стеблеста вегетација, џбунови и трева.
-Вчера имавме четири пожари во кои имавме интервенции во Догазанска Маала во село Селник, кај местото викано Стар Млин и Студена Чешма во Делчево и помеѓу селата Панчарево и Стар Истевник. Сите пожари беа на отворен простор, при што најмногу зафатена беше ниско-стеблеста вегетација. Интервенирано е со наши возила и луѓе и со учество на припадник на Доброволното противпожарно друштво „Волонтер“ од Делчево, информираа од ТППЕ Делчево.
Апелираа на совесност на граѓаните, потенцирајки да не се палат срништа особено во услови кога има ветер.
-Било какво палење е секогаш ризик за поголем пожар, бидејки видовме што се случи пред 2 години во пожарите кои го зафатија Пијанечко-Малешевскиот регион. Затоа апелираме на одговорно однесување во природа со цел да не дојде до поголеми пожари, додадоа од ТППЕ Делчево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сведоци на ужасниот земјотрес во Колумбија: „Никогаш…
Во Кали, еден од колумбиските градови најтешко…
Разбојници нападнале млад Австриец во Скопје и…
23-годишен државјанин на Австрија пријавил во полиција…
Нови детали за Србинот што се удави…
Горан Комазец од Белград е човекот кој…
ЈПДП ќе земат 40 милиони евра кредит…
Владата даде зелено светло за ново задолжување…
Зеленски најави нови кадровски промени во украинските…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека дел…