Објавено на:

Четири тешки сообраќајки за 1 Мај, четворица тешко повредени

t

Четири тешки сообраќајни несреќи се случиле во текот на вчерашниот празничен ден. За среќа, нема загинати, но повредени се шест лица од кои четворица тешко.

Прво во 11.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово – с.Јажинце, на влез за тетовско Теарце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“, управувано од Ш.Џ.(74) од тетовско Шемшово и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од А.Р.(78) од тетовско Пршовце, двете со тетовски регистарски ознаки.

Во несреќата, А.Р. се здобил со тешки телесни повреди, додека Ш.Џ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

Во 15.00 часот, повторно во СВР Тетово било пријавено дека од шумски земјен пат во атар на село Галичник, на место викано „Горно стопанче“, излетал четирицикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Л.(22) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.Ц.(23) од Скопје, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Општа болница „8 Септември“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

Вечерта во 20.40 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на локалниот пат Кочани – брана Гратче, кај место викано „Гоцева шума“, мопед со штипски регистарски ознаки, управуван од В.П.(56) од Кочани, излетал надвор од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.П., констатирани во Општа болница Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

Ноќта, пак, во 00.15 часот во СВР Струмица било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица, патничко возило „цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од И.Н.(56) од Струмица, излетало надвор од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ж.А., констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Воздухопловните сили на САД распоредија ловци Ф-22…

Воздухопловните сили на САД распоредија неколку стелт-ловци…

СИРИЗА: Го осудуваме новото „провокативно“ прекршување на…

Грчката опозициска партија СИРИЗА, на чие чело…

Столтенберг за нападот врз Фицо: Напад врз…

Генералниот секретар на НАТО – Јенс Столтенберг…

Во центарот на српските вооружени сили во…

Во центарот на српските вооружени сили за…

(Видео) Фицо уште во април зборуваше за…

Словачкиот премиер Роберт Фицо, кој беше застрелан…